Инцидент со пациент вчеравечер е регистриран на Клиника за неврохирургија во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Како што дознава Курир, пациент нападнал друг пациент и болничар, по што скокнал од вториот кат.

Од МВР за Курир потврдуваат дека ваков настан кај нив е пријавен вчеравечер околу 21 часот.

-Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот С.В. (66) од с.Колари, кичевско. Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по што го отворил прозорецот и скокнал од вториот кат, потврдуваат од МВР за Курир.

Пациентот се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Останатите двајца се здобиле со телесни повреди. Полицијата работи на расчитување на случајот.