Силен земјотрес со јачина 5,8 степени според Рихтер вечерва ја погоди Грција, а се почувствува низ цела Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од грчкиот град Лерин (Флорина), кој се наоѓа во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри.
Силниот земјотрес ја погоди македонско грчката граница во потегот на Лерин, Битола и Преспа.
Жителите се надвор на врнежливото време поради силниот удар кој траеше повеќе од 6 секунди, јавуваат локалните портали.
Потресот е почуствуван и во Скопје. Земјотресот посебно ги вознемири жителите на Охрид, Битола и Прилеп и целиот тој крај. Но, земјотресот сериозно се почувствува и во Скопје, што ги крена скопјани, посебно тие од повисоките згради на нозе.
Десет минути подоцна, во 22 и 53 се случил и првиот афтершок, кој не с епочсувтува посериознов о Македонија, иако бил со сила од 3,5 степени, а две минути подоцна следел вториот сериозен афтершок со сила од 4,8 степени.
Во периодот пред нас според сеизмолозите се очекуваат и афтершокови.