Во полициската акција уапсен e Душан Бањац и внукот на Ера Ојданиќ, Никола Анѓелиќ, кои наводно се осомничени дека посредувале во елитна проституција, а низ домовите ширум Србија се шпекулира со имиња на девојки кои наводно соработувале со нив, а тоа беше случај и во домот на Марија Шерифовиќ.
Имено, Марија и Верица разговарале за извесна водителка која наводно се занимава со најстариот занает, но и за цените на услугите што ги даваат проститутките:
– Кој ти е крив што не си се занимавала со проституција – и рече Марија на својата мајка Верица:
– Три илјади евра една ноќ, жено. Пеев 60 часа за 3.000 евра – рекла Верица, додека Марија тајно ја снимила:
– Треба да откриеме која е таа водителка, пејач еднаш ја повика таа некоја елитна проститутка и се појави многу позната водителка – продолжи Верица.
– Еве ќе ги прашаме луѓето – предложи Марија.
– Кои луѓе, кој ќе ти го каже тоа – заклучи постарата Шерифовиќ.
Инаку, овој разговор со мајка и беше исклучително интересен за Марија, па таа сподели се на својот Инстаграм профил.