Минатата година во Прибој, на 500 метри од салата каде што беше организирана венчавката почина знаменосецот (бајрактарот). На таа свадба пеела Мирјана Бажалац, поранешна учесничка на натпреварот „Никогаш не е доцна“, која признала дека не може да се соземе од шокот.

– За прв пат во животот доживеав како радоста се прекинува, а пеам веќе 30 години – ја започна приказната Мима и опиша што се случило непосредно пред трагедијата.

– На почетокот се изгледаше нормално, свадба како свадба. Младенците беа прекрасни, а и луѓето не седнаа, сите играа цело време. Работното време на музичарите беше до полноќ и се помина како што треба. Помина тортата, огнометот и остана уште малку да си поиграме и да се радуваме… Но на околу еден час пред крајот отидов во тоалет, а кога се вратив ме дочека морничава глетка.

– Една постара госпоѓа која пред тоа ми порача песна, застана на метар од мене и низ солзи ми рече: „Златиборске зоре сепак нема да ми ја пееш“. Ништо не разбрав, не ни слушнав дека музиката престанала да свири. Ја фатив за рака и ѝ реков: „Верувам дека брзаш, но еве, песната ќе засвири веднаш“, на што таа ми одговори: „Не, душо, нема повеќе музика или радост. Нашиот знаменосец умре на 500 метри одовде“, изјави пејачката и додаде дека во тридецениската музичка кариера и бројните свадби никогаш не доживеала поголем шок и тага.

– Само седнав на некое место што беше таму во ходникот, целосно обеземена. Ова не сум го доживеала во животот, навистина беше морничаво – истакна таа и се присети на моментот кога влегла во салата каде што претходно се одржуваше прославата.

– Немаше никој освен музичарите, само тишина, некои воздишки од келнерите и лелеци пред салата. Страшно, момчето беше родено 94 година, животот беше пред него. Навистина голема тага – рече таа со неверување.