Босанскиот пејач Армин Биједиќ на Фејсбук се прости од својот пријател и колега Јасмин Малкочевиќ, чие безживотно тело по исчезнувањето во средата на 15 декември во 19.30 часот кое го пријавило неговото семејство, утрово беше пронајдено во хотелска соба во местото Љубаче близу Тузла.
– Пријателе, засекогаш ќе останеш во моето срце. Со задоволство ќе те паметам затоа што беше добар човек и добар пријател. Алах да ти се смилува, напиша Биједиќ.
Тој објави и многу заеднички фотографии со Малкочевиќ, кои, како што можете да видите, се малку постари.
Од Обвинителството на кантонот Тузла за „Аваз“ велат дека на телото на починатиот не се констатирани траги на повреди или каков било вид на насилство и дека најверојатно се работи за самоубиство предизвикано од труење со таблети.