Познато е колку еректилната дисфункција може да биде незгодна за секој маж, но помалку е познато дека состојбата може да влијае на животниот век.
Научниците од Универзитетот Мисисипи предупредуваат дека оние со еректилна дисфункција имаат 70 отсто можност да прерано да починат.
Иако е универзалното мислење дека од еректилната дисфункција (нарушување кај мажот кога не може да го постигне или одржи ерекција до завршувањето на сексуалната активност) патат воглавно старите мажи, но многу е раширена и меѓу помладата популација.
Речиси 20 отсто од мажите помлади од 40 години го имаат овој проблем.
Оваа состојба може да води кон кардиоваскуларна болест која го зголемува ризикот од прерана смрт. Веќе е познато како еректилната дисфункција е поврзана со кардиоваскуларниот фактор на ризик, вклучувајќи и хиперлипидемија (ненормално високо ниво на маснотии во крвта, холестерол и триглицерид), хипертензија (висок крвен притисок), дијабетис и пушење – објаснуваат научниците од Универзитетот Мисисипи.
До тој заклучок дошле откако ги проучиле и податоците од 1790 мажи стари меѓу 20 и 85 години кои биле дел од анкетата за Испитување на националното здравје и исхрана од 2016 и 2017 година. Меѓу останатото прашањата покривале и детали за ерекција.