Медиумите ја објавија приказната за неименуваниот пензионер Томас Р. од град во Долна Австрија, кој тврди дека неговиот „живот се превртел наопаку“ откако во зградата се доселила млада сосетка.

66-годишникот тврди дека жената е „проститутка“, прави „многу врева“, па затоа е принуден да „повикува полиција и да се жали“ секоја недела.

„Мојата сопруга е болна“

„Мојата сопруга е тешко болна, има остеопороза и едвај може да оди поради артритис. Имаше ситуации кога моравме да спиеме на други места, бидејќи бучавата беше преголема“, рекол пензионерот.

Тој додава дека сосетката „прима до пет клиенти дневно“, а бучавата понекогаш започнува среде ноќ.

„Штом ќе ја засили музиката, знаеме што следува. Забавата започнува. Мирисот на канабис се чувствува до утрото. Само сакаме да живееме во мир“, рекол тој.

Весникот „Хојте“ ја објавува приказната за овој пензионер и наведува дека спровеле истражување во мала заедница во Кремс. Се наведува дека на одредени интернет форуми „има преписки од мажи“ кои коментираат за огласот на споменатата жена.

Па така, еден од нив прашал, а се допишувал со Нина (името е променето).

„Денес сум кај Нина. Ѝ пишав и ја најдов на… Делува како фина жена. Според нејзиниот профил, 50 евра за 30 минути. Дали некој има искуство?“

„Квалитет на услугата“

Друг одговорил: „Ја посетив Нина пред три недели. Таа е фина девојка од соседството.“

Новинарите пронашле пораки од десетици мажи кои коментирале за „квалитетот на услугата“ што се нуди во станот, веднаш до Томас Р.

Од друга страна, очајниот човек тврди дека „детално ги евидентирал“ регистарските таблички на ноќните посетители на соседот на Нина и дека поднел пријава во полиција.