Теа Таировиќ е активна на социјалните мрежи, а на својот Инстаграм профил објави фотографија во провокативно издание во кое се појави на сцената.
Имено, Теа позираше во фустан чиј горен дел беше проѕирен, додека мали детали ги покриваа нејзините голи гради, а пејачката со овој стајлинг покажа витка фигура.
Да потсетиме, Теа се прослави со хитот „Ајде“, а младата пејачка не крие дека има многу работа.
– Ова темпо со кое работам сега не може да се одржи долги години. Тој стрес не е здрав за човек. Немам пауза од мај до сега и ми треба здрав интервал помеѓу настапите. Ниту една таква песна не се појави долго време и тоа се случи. Песната ја напиша Сања Вучиќ. Претпоставував дека ќе биде добро, но не толку. Знаев дека ќе биде отскочна даска – изјави неодамна Теа.