Уште еден продолжен викенд пред нас.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 18 јуни (петок) пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Неработниот ден е утврден согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07).

Во продолжина прогледнете ги сите неработни деновиве кои ни останаа до крајот на годинав:

За сите граѓани на РМ: 02 август (понеделник), Ден на Републиката, 8 септември (среда), Ден на независноста, 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.