Пронајдена е 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани, по која се трагаше од вчера. Веста ја ,,Фокус” ја потврдија нејзини роднини, кои без престан по лоши временски услови трагаа по девојчето.

-Жива е, тоа е најважно. Неколку млади момчиња, да не речам деца, кои беа вклучени во потрагата ја најдоа, дехидрирана е, ја носиме во болница. Најважно е што е жива, ова е големо олеснување, благодарни сме на сите кои на било кој начин помогнаа – вели близок роднина на девојчето.

Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг.

Роднините со неколку полицајци ја бараа среде невремето, и апелираа за помош од надлежните институции. Пребаруваа околу Гоцевата шума во Кочани, околу Гратче, во многу лоши временски услови.