Седум лица се повредени, додека едно дете загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на локалниот пат Биштарац – Лукавац,\ во североисточниот дел на Босна и Херцеговина. Сите осум лица биле во Пежо кое се судрило со друго возило.
Како што потврдија за Klix.ba од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла (МУПТК), сообраќајната несреќа се случила синоќа нешто пред три часот по полноќ.
„Полициската станица Лукавац околу три часот од Итната медицинска помош била известена дека со нив контактирал маж со дете на околу една година, кое не давало знаци на живот, како и уште неколку лица. Сите биле испратени во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Тузла“, изјави портпаролката на полициската управа Аднана Спречиќ.
Таа додаде дека сообраќајната несреќа се случила кога возачот на пежото остварил контакт со друго возило. Како се случило тоа засега не е познато, а децидно ќе се утврди по вештачењето.
„Во автомобилот „пежо“ имало осум лица, пет деца и тројца возрасни и сите се повредени. Во УКЦ Тузла е констатирана смрт на едногодишно дете. Во сообраќајната незгода тешко е повредено уште едно дете, а три деца се полесно повредени“, прецизирала Спречиќ.