Васко Пиргов, секретар за безбедност во Перник и еден од сведоците на несреќата, за ТВ21 ја објасни својата верзија за страшната несреќа на македонскиот автобус во Бугарија.

Тој вели дека на местото на несреќата се гледало и големо разлевање на гориво.

„Значи автобусот удрил во поставениот знак, го фрла на 45 метра напред и тоа го фаќа долниот дел. Таму ја фаќа десната гума и затоа се слушал тој звук во автобусот. А ако сте биле на местото, таму има и очевидец на катастрофата, бидејќи ние пристигнавме можеби 30 минути по катастрофата. Таму фаќа гумата, а од самите поставени препирки се пробиваат се до вратата, каде што се наоѓа резервоарот. Тоа е исто на секој автобус. Јас не сум проверувал, но тоа е така. Таму се гледаше и големо разлевање на гориво. Откако се триело железо со железо, се појавуваат искри. Дизел горивото се загрева, но не се пали, тоа е многу тешко запаллива течност и во тој момент се појавил облак како магла. И тогаш има вентилатори кои треба да внесуваат воздух внатре во кабината, свеж воздух, но тие вентилатори не избираат што ќе внесат, па тој воздух го внесуваат внатре“, посочува Пиргов за ТВ21.

Тој вели дека првично патниците биле зашеметени, односно тие кои спиеле дури и не осетиле ништо, додека пак тие кои биле будни, пробале да излезат, но биле зашеметени.

„Следува потоа вториот удар е кога автобусот влегува во заштитната ограда меѓу едната и друга лента, тоа е фаталното, фактички едната од лентите ја блокира вратата и не може да се отворат, а од лево нема врата и сега тука е мојата верзија. Мојата верзија. Кажувам мојата верзија. Од првиот удар до запирањето на автобусот има 200 метри, тој се лизгал по магистралата, по асфалтот. Тоа е мојата верзија. На овие автобуси, резервните гуми се наоѓаат напред. Како што е предницата на автобусот од долу се велече и од таму се вади резервната гума. По принцип, шоферите прават една промена. Ја вадат таа гума од таму и ја фрлаат во местото за багаж, а каде што треба да стои резервната гума ставаат незаконски нешта кои преку граница тоа место не го проверуваат. Ова го кажувам во прво лице и можеби на крај ќе биде оваа верзија. Таму имало туби со бензин. И веќе по ударот со оградата се избива пожар во автобусот, следствено на тој оган, внатре е и чадот, автобусот за 10 до 15 секунди бил во голем оган и тоа се случило веднаш. Тоа ги потпалува патниците и тоа се докажува со патниците во првите редови до средината некаде на автобусот не можеле ниту да реагираат, ниту да станат од местото каде што седеле“, посочува Пиргов.