Животот во несреќата го загуби и 23 годишното девојче, Албина Бељули. Од нејзиното семејство не сакаа да дадат изјава но зборуваше нејзиниот професор Ќебир Авзиу.

– Јас како професор имав прилика да и предавам на студентката Албина Белули, која во првиот циклус беше една од најдобрите студенти со многу добар резултат. Таа имаше просечна оценка од 9,88 во првиот циклус, а во вториот 10,00, посочи Ќебир Авзиу.

Инаку, Албина била асистентка на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. Деканот Ќебир Авзиу вели дека Албина била многу успешна во студирањето и својата работа.

„Јас како декан од деканатот на правниот факултет на УТ побарав мислење од сите професори, од продеканите и шефовите на програми да се ангажира еден дипломиран студент на нашиот факултет. Сите едногласно беа на мислење дека Албина Бељули треба да биде дел од Правниот факултет и јас со задоволство ја примив како асистентка и како раководителка. Јас Албина ја издвојував и како студентка, но и потоа како вработена на Правниот факултет, како асистентка. Таа имаше силен карактер, беше чесна, морална, доверлива и доста вредна. Секогаш беше насмеана, секогаш на факултет доаѓаше со позитивна енергија…“