Д.Ц. (78) од Косово, кого полицијата го затекнала како питачи, е уапсен во Будва откако кај него биле пронајдени 18.980 евра, пренесува вијести.ме.

„Полициските службеници од Одделот за безбедност во Будва пронашле 18.980 евра, 112.710 динари, 7 американски долари и 5 саудиски ријади, како и сметки и парчиња хартија со напишани броеви, кои биле во зашиените џебови на јакната, кај Д.Ц.(78 ), информирале од Управат на полиција.

Тој, како што рекоа, е уапсен, а против него е поднесено барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок по член 30 од Законот за јавен ред и мир.