На плажата Кала Лунга на северот на Сардинија е снимен драматичен момент кога лут сопруг со нога удрил еден скипер кој ја турнал неговата сопруга. Како што пренесува Дејли Мејл, напаѓачот нинџа е неименуван локален човек кој со спектакуларен удар ја одбранил сопругата, а потоа уште неколку пати го удрил несреќниот скипер.

Циркусот на плажата бил предизвикан од глисер кој брзо влетал во плиткото на идилична плажа за да земе група богати туристи и да ги врати на нивната мега јахта. Гневните локални жители го изразија своето незадоволство додека чамецот се приближуваше до брегот, а скиперот во напад на бес турна жена во бикини.

Во тој момент, сопругот на турнатата жена истрчал по песокот и го удрил скиперот во градите, а потоа продолжил со тупаници. Додека го тепаше, се слушна како вика: „Ти ја турна мојата сопруга“.

Тепачката продолжила во морето се додека жената која претходно била нападната не интервенирала и ги разделила мажите. Богатите туристи се качиле на чамецот и отпловиле кон јахтата со подбивањата на мештаните.