Две тела се пронајдени вечерва на булеварот Крал Лазар во Нови Сад, објавуваат српските медиуми.

Неофицијално, две лица скокнале од зграда. Неофицијално се работи за маж и жена.

Лекарите на лице место можеле само да констатираат смрт на двете лица.

– Најверојатно се работи за момче и девојка (љубовен пар), дознава Ало, но засега нема официјални потврди за тоа. Станува збор за две помлади лица. Потврдена е нивната смрт и наредена е обдукција која треба да ја открие точната причина за смртта.