Телото на 28-годишниот Никола Миљковиќ, кој исчезна пред 14 дена во Власинското езеро, денеска го пронајдоа припадниците на нуркачката единица Жандармерија и на Специјалната антитерористичка единица.
Да потсетиме, Никола Миљковиќ (28) исчезна во длабочините на Власинското езеро кога заедно со Давид Денчиќ (24), негов братучед, паднаа од скутерот откако силно невреме ги исфрли од ова водно возило.
Покрај нуркачите од жандармеријата од Белград, како и членовите на САЈ, по исчезнатиот млад човек изминативе 14 дена трагаа и членови на семејството и пријателите кои беа со него на кобниот ден.
Како што веќе објавија медиумите, шестмина млади момчиња решиле да поминат неколку дена на Власинското езеро.