Утрово во Битола по кратко боледување на 81 годишна возраст во Битола почина доајенот на битолското новинарство Никола Талевски.
Никола Талевски најголем дел од новинарскиот живот го помина како дописник на Македонската телевизија, а имаше свои јавувања и во македонското радио. Работеше и во Радио Битола, а по пензионирањето не го напушти новинарството и го основа “Инфо магазин“.
Никола Талевски пишуваше и хумористични и сатирични текстови во весникот “Остен“, а повозрасните битолчани го паметат и по радио ликот Ристо Модернисто. Талевски има објавено и неколку книги.
Погребот ќе биде утре на “Буковските гробишта“ во Битола во 12 часот.