Почина Иван Шукер (66), хрватски политичар и поранешен министер за финансии и вицепремиер, пренесува Индекс.
Шукер починал околу два часот по полноќ по кратко и тешко боледување. Роден е во Ливно во 1957 година. Беше градоначалник на Велика Горица, член на Претседателството на ХДЗ и министер за финансии во владата на Санадер.
Долги години беше во самиот врв на ХДЗ и хрватската политика, а го преживеа и познатото изборно собрание на ХДЗ, каде за шеф на партијата беше избран Иво Санадер. Шукер потоа го поддржа својот противник Ивиќ Пашалиќ.