Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 10 часот се случила во село Врело на патен правец Пожаранец – Жагубица. До несреќата дошло кога се судриле автомобил и камион.

Во патничко возило загина маж (61).

Повредените се пренесени во Универзитетскиот медицински центар Ниш, а во акцијата учествувале и пожарникари.

Истрагата е во тек, а сообраќајот е запрен на делот од патот каде се случила несреќата.