Жив и здрав е пронајден Филип Стајковиќ (30) од Србија, кој исчезна пред неколку дена на Малта.

– Жив и здрав е, контактирал со полиција и пријатели – потврдија од српската заедница во Малта.

Потсетуваме, веднаш по пријавата за исчезнувањето на Филип, полицијата започнала потрага и побарала помош од јавноста и евентуални информации каде се наоѓа.

Апел за пронаоѓање на исчезнатиот Србин испратија и локалните медиуми пред четири дена.