По тешко боледување во Истанбул почина Умеја Ебу Таха Зукорлиќ, првата сопруга на поранешниот муфтија на Мешихатот на Исламската заедница за Санџак и Србија и лидер на Партијата за правда и помирување, Муамер Зукорлиќ.
Умеја Ебу Таха Зукорлиќ е мајка на актуелниот лидер на СПП и министер во Владата на Србија, Усама Зукорлиќ. Умеја по потекло била од Палестина, а покојниот Зукорлиќ го запознала за време на школувањето во Јордан.
Тажната вест ја објави и министерот Усама Зукорлиќ на својот Инстаграм.