Мујага Чичкошиќ (39), кој пред неколку дена во Тузланската населба Ступине ги уби сопругата (34) и двете деца (2 и 9 години), а потоа се фрли од зградата, извршил брутално злосторство какво не паметат ниту најстарите полицајци и истражители, објави порталот „Аваз“.

Станот во кој е извршено злосторството ја заледува крвта во вените. Чичкошиќ злосторството го извршил со секира, а работите да бидат пошокантни – таткото монструм, кој детално го испланирал убиството, ја купил секирата на пазар, го убил двегодишното дете во креветчето!

Но, тука не бил крајот на шокантниот крвав пир. Убил уште едно деветгодишно дете во аголот на станот. Мајката Амела се обидела да спречи се, но не успеала.

Полицијата го пронашла продавачот кој му ја продал секирата на Мујага, но тој немал поим зошто му е потребна. Секирата ја купил на пазарот кај „Хамет“.

Обвинителството и официјално потврди дека во станот била пронајдена секира која била испратена на вештачење. Ваков злочин одамна не е забележан на овие простори.

Страшна порака

Дополнително, убиецот оставил порака на вратата од станот. Во една од пораките, напишана со молив, меѓу другото пишува:

– Да ви е*ам фамилијата, вие сте за сѐ криви.

Засега не се знае на кого се однесува пораката. Наводно, таа била упатена до роднини од Германија кои му помогнале да најде работа во оваа земја. Во една од пораките тој наводно им „заблагодарил“ на поединци за помошта.

Со оставената порака според истражителите се уште не се разјаснува мотивот за убиството. Според извори од истрагата на Klix ba., испишани се имињата на луѓето кои му помогнале на Чичкошиќ да се вработи во Германија пред шест месеци. Сите тие сè уште се наоѓаат надвор од Босна и Херцеговина.

Дотогаш тој работел како медицински техничар во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, а по отказот нашол нова работа во Германија. Инаку, неговата сопруга Амела исто така работеше како медицинска сестра во клиничкиот центар во Тузла.

„Тој замина во Германија пред шест месеци, а неговата сопруга остана со двете деца во Тузла. Според соседите, тие неодамна објавиле во оглас дека го продаваат станот бидејќи таа и нејзините деца планирале да одат во Германија“, открива извор од порталот Klix ba.

– Според нашиот извор, Чичкошиќ дошол од Германија минатата среда, а со семејството поминал два дена во складен однос. Дека убиството било со умисла говори и податокот дека секирата пронајдена во станот била нова, објави Klix ba.