На 71-годишна возраст, по тешко боледување денеска почина поранешниот фудбалер Јастре Јаневски.

Јаневски беше дел од само два клуба во својата кариера, односно настапуваше за Работнички и за Вардар. Беше четири години дел од „романтичарите“, потоа седум од Вардар, па потоа уште четири мина во Работнички.

По завршувањето на кариерата работеше и во младинските категории на „романтичарите“ како тренер.