Вчера почина младата Марина Ѓорѓевиќ (21) од Ниш по долга и тешка битка со злобната леукемија. Тажната вест ја соопшти еден од членовите на Фејсбук групата „Биди хуман-хуманитарнa лицитација“.

– Уште еден млад живот отиде во вечноста. Патувај убаво со ангелите. Сочувство до семејството – стои во објавата.

Дваесет и едногодишната Марина Ѓорѓевиќ живеела нормален живот на тинејџер додека не завршила медицинско училиште и наеднаш се разболела. Беше сосема здрава и весела девојка, со талент за музика и надеж дека ќе биде доктор, но леукемијата и ги промени сите желби и планови.

Речиси година ипол се бореше со леукемија, која се врати и покрај трансплантацијата на коскена срцевина во август 2022 година. Она што и даде надеж беше лекувањето во странство, со процедурата CAR – T-клетки.

Без разлика на се, Марина секогаш беше весела и расположена.