Вчера, по кратко боледување, се упокои во Господ сестра Синклитикија од манастирот „Свети архангел Михаил“ во Берово, објави „Премин Портал“.

Погребот ќе биде во сабота, на 26 март 2022 година, по Литургијата, која ќе започне во 9 часот во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Берово.

Бог да ја упокои нејзината душа со сите Светии, и нас да нѐ утеши по нејзините свети молитви.