Тажна вест пристигнува денеска од Винковци. Почина хрватската млада каратистка и член на карате клубот Винковци, Ника Бркиќ, соопшти Хрватскиот карате сојуз.
“Зборовите тешко можат да ја искажат болката што ја чувствуваме поради загубата на нашата сакана Ника Бркиќ. Ника не беше само врвен каратист, туку и личност која шири позитивна енергија околу себе. Ќе ја паметиме по нејзината посветеност на спортот и нејзината голема срце. Нека нејзината душа најде мир, а нејзиното семејство и пријателите да најдат сила во заедништвото. Нашите мисли се со тебе во ова тешко време на загуба. Почивај во мир драга Ника“, објави ХКС на својот Фејсбук профил.
Ника во својот мживот зад себе остави низа успеси во спортот кој најмногу го сакаше. Пред само три месеци, во септември 2023 година, таа го освои златото на 21. Карате Дарфест во Дарувар во категоријата до 53 килограми, а во 2018 година стана државен вицешампион на хрватскиот шампионат.