На 59-годишна возраст почина Орце Божиновски, татко на еден од највлијателните фејсбук активисти во Македонија, Божидар Божиновски кој во јавноста е познат и како Мр Моџо Килингтон. Божидар Божиновски меѓудругото е и писател и сценарист.

Тој на социјалните мрежи се прости од својот татко, кој утре требало да наполни 59 години.

-Не требаше вака татка, утре требаше роденден да ти е, 59… Мирни неба и небески планини…, напиша неговиот син.

Божидар изрази благодарност на сите за секоја порака, јавување и поддршка.

-Голема е листата на луѓе кои овие шест недели се покажаа како огромни и помагаа на секој начин. Вечно ќе ви сум благодарен, додаде тој.

Погребот на Орце Божиновски ќе биде утре во неговото родно село Кривени.