Американскиот актер Карл Ведерс, почина на 76-годишна возраст. Беше најпознат по улогата на Аполо Крид во филмскиот серијал „Роки“. Веста за смрта ја сподели неговото семејство кое информира дека „починал мирно во сон“ на 1 февруари.
„Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на Карл Ведерс. Тој беше исклучителен човек, кој живееше извондреден живот. Преку неговиот придонес во филмот, телевизијата, уметноста и спортот, тој остави неизбрижлив белег и ќе остане препознатлив во светот и низ генерациите.
Тој беше сакан брат, татко, дедо, партнер и пријател“, стои во соопштението на ожалостеното семејство. Ведерс, кој беше поранешен играч во Националната фудбалска лига на САД, стекна светска слава со улогата на боксерот Аполо Крид во филмскиот серијал „Роки“ , каде глумеше со актерската легенда Силвестер Сталоне.
Исто така, тој глумеше и во филмот „Предатор“, заедно со Арнолд Шварценегер. Неговата последна улога беше во телевизиската серија „Мандалорецот“ , која е дел од франшизата „Војна на ѕвездите“.