Познатата пејачка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст, пренесува „Дејли мејл“.
Ирската пејачка стана славна ѕвезда ширум светот во 1990 година. За време на нејзината богата кариера, таа објави 10 студиски албуми. Нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“ на Принс беше прогласена за светски сингл број еден на Билборд музичките награди. Во 1991 година ја доби наградата „Греми“ за нејзиниот албум „I Do Not Want What I Haven’t Got“.
О’Конор го промени своето име во Шухада Садакат во 2018 година, откако се одлучи да премине во ислам.
Веста за нејзината смрт е по долгогодишна борба со менталното здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.