Возач почина по сообраќајна несреќа која вчера утрината во 07.16 часот се случила на патот Битола-Маково, во с.Логоварди, битолско.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Ауди“, управуван од М.А.(34)од Битола и „голф“ управуван од С.М.(50) од с.Логоварди, и двете со битолски регистарски ознаки.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.М. и на пат кон болница починал, велат од полицијата.
Бил извршен увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.