Социјалната мрежа Твитер го забрани официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче, па сега може да се прочита дека профилот е привремено ограничен за користење.
Исто така, во предупредувањето објавено од Твитер се објаснува дека е „забележана необична активност од овој профил“.
Сепак, корисниците сѐ уште можат да пристапат на неговиот профил, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.
Одговор побаравме од Кабинетот на министерот за здравство, но оттаму сè уште не ни одговорија на прашањата.