18 годишната девојка која завчера почина на пат до Битолската болница е мајка на 6 неделно бебе. Таа се породи минатиот месец, но засега не се познати причините за смртта на младата жена.

Според информации на Телма, во саботата нагло и се влошила здравствена состојба, па со возило од населбата Баир во Битола била пренесена во Клиничката болница, но починала пред да и се укаже лекарска помош.

Во одделението за Ургентна медицина женатa била донесена од друго лице, а лекар само констатирал смрт.

Од полицијата во Битола потврдија дека кај 18 годишната родилка нема траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, по што треба да се утврдат причините за смртта.