Погодоците на Јани Атанасов во убедливата победа на Хајдук на гостувањето кај Локомотива Загреб (6-3) се топ-тема во речиси сите хрватски медиуми, со оглед што двата беа постигнати на мајсториски начин – првиот со лоб-удар, а вториот со бомба од дваесетина метри.
Присутните на стадионот забележаа како Македонецот емотивно ги прослави головите и тоа со солзи во очите и со поглед кон небото.
Објаснувањето на неговата постапка има на социјалните мрежи каде што нецели 24 часа пред натпреварот се збогува со еден од најблиските другари кој прерано почина.
– Откако знам за себе знам и за тебе , ти беше другар каков што секој би посакал да има до него.. Делевме тага , среќа , безброј убави спомени.. Ме остави да се борам сам , но знам дека ќе продолжиш да ме гледаш и да се радуваш на моите успеси .. Вечно ќе останеш во нашите срца!Почивај во мир БРАТ МОЈ💔👼🕊