Во 49-тата година од животот, утрово во Охрид почина проф. д-р Васко Речкоски, истакнат професор од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

– Денес во вечноста замина нашиот колега и пријател Проф. Васко Речкоски, најтивкиот професор што имаше многу да каже. Бог да го прости и да му даде вечен мир. Изразувам длабоко сочувство до семејството, напиша на својот Facebook профил деканот на ФТУ, Цветко Андреески.

-Ќе ве паметиме како добар професор и човек со големо срце. Почивајте во мир професоре! Последен поздрав!, напиша Алек Наумоски.