Познатата македонска пејачка и претприемачка Елена Ристеска сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Нашата поп-ѕвезда со трогателна посвета се прости од нејзин близок пријател и соработник.
„Се’ уште сум во неверување дека го нема меѓу нас нашиот пријател, технолог и соработник, пред се’ добар човек кој помогнал на секого, најголем стручњак во Македонија, нарекуван „нос“ поради генијалноста за создавање парфеми и човекот без кого Ера козметика немаше ниту да се основа, ниту да успее..“, пишува Ристеска.