По повеќе од една година, поради пандемијата на коронавирус, Грција од утре ќе го отвори граничниот премин Евзони-Богородица за македонските граѓани, објави премиерот Зоран Заев, кој денеска беше во посета на јужниот сосед.

Почнувајќи од 14 мај, со македонски пасош во Грција ќе може да се влезе со негативен ПЦР-тест, со сертификат за примени две дози вакцина за Ковид-19 или со позитивен резултат за антитела.