Попладнево на улица „Димитар Влахов“ во Велес во сообраќајка повредено е 21 годишно момче во директен судар на автомобил и мотор, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Поради сериозноста на повредите, со возило на Итната помош повредениот бил транспортиран во Хирушкото одделение во Општа болница во Велес.

Пред еден час на патот Каратманово-Лозово, се случила уште една сообраќајка од која во моментов екипа на Брза помош од Велес и пожарникари од ТППЕ Велес извлекуваат возило паднато во дол.

Според првичните информации во несреќата нема жртви.