Недељко Тодоровиќ нема убави вести за оние кои планираат првите денови од јуни да ги поминат на некоја од грчките плажи на Халкидики.
Познатиот српски метеоролог открива дека температурите ќе бидат во благ пораст, но дека морето се’ уште не е доволно загреано.
„До септември се очекува нерамномерна распределба на врнежите, а кој планира да оди на море во претсезона, попаметно е патувањето да го одложи за крајот на септември и октомври, кој се смета за месец со најмалку врнежи, односно најсушен дел од годината.
Да напоменам и дека Грција е постудена на почетокот на јуни, температурата на морето не е ни 20 степени“, порачува Тодоровиќ.