Хостомел е едно од првите места споменати во војната во Украина, а познато е по аеродромот на кој се наоѓаше Антонов, најголемиот авион на светот.

Авионот е уништен во војната, а таму сè уште се наоѓаат неговите остатоци.

Хостомел се наоѓа северозападно од Киев, северно и Ирпин и Буча. Станува збор за градови кои се стратешки исклучително важни. Аеродромот во Хостомел, руските специјалци се обидуваа да го окупираат уште од првиот ден, а жестоките борби траеја со денови.

Четириесет дена подоцна, Хостомел е ослободен. Целиот тој појас северно од Киев денес е под контрола на украинската војска, но борбите оставиле трага.

Украинската војска објави видео од Хостомел кој денес изгледа како град од некој постапокалиптичен филм:

Погледнете што остана од најголемиот авион на светот

Најголемиот товарен авион на светот, украинскиот Антонов-225, бил уништен со гранатирање на руските сили во напад на аеродромот Хостомел.

Авионот бил уништен веднаш на почетокот на рускиот напад.

📸

📸

📸

📸