Постојат неколку чудни и бизарни правила во земјата со огромно богатство, а некои од нив можете да ги научите во кратка презентација во овие 10 интересни факти за уникатниот Сингапур, пишува „Пункуфер“.

1. Светската организација за тоалет (да, постои) е основана во Сингапур. И да, со оглед на тоа што Сингапурците се многу внимателни за чистотата, ако не пуштите вода по излегувањето од тоалетот, може да бидете казнети со 500 долари (468 евра)!

2. Сингапурците можат да гласаат на британските избори. Да, земјата е членка на Комонвелтот и затоа нејзините граѓани го користат тоа право.

3. Земјата опфаќа вкупно 63 острови, и не би препорачале пешачење по многу од нив бидејќи се ненаселени или служат како воени и индустриски зони.

4. Овде е речиси возможно да се напиете пијалок на средината на небото бидејќи на врвот на облакодерот долг 282 метри има бар, што го прави еден од највисоките барови на врвот на зграда во светот.

5. Сингапур е само една од трите земји кои немаат главен град. Другите две се Монако и Ватикан.

6. Постојат четири официјални јазици во земјата : англиски, мандарински, тамилски и малајски.

7. Сингапур го преведуваме како Град на лавовите на санскрит. Сепак, интересно е што овде воопшто нема лавови.

8. На еден универзитет во Сингапур, многумина навиваа кога машината за Кока-Кола почна да дава бесплатни лименки откако ја прегрнале.

9. Ако се верува на едно британско истражување, овде луѓето одат најбрзо , во просек 6,15 километри на час.

10. Гумите за џвакање се забранети, но на странците им е дозволено да внесат две пакетчиња. Повеќе од тоа се смета за обид за криумчарење.