Огромна победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е на прагот во вториот круг од локалните избори.
Според последните информации, покрај победата во Скопје, Охрид и Битола, ВМРО-ДПМНЕ победи и во Ресен, Лозово, Гевгелија, Пехчево, Македонска Каменица, Брвеница, Ново Село…
Според првичните информации објавени од Државната изборна комисија (ДИК) независниот кандидат за градот Скопје, Данела Арсовска.
Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ во овој момент има убедливо водство во овие населени места: Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.
Актуелниот градоначалник Петре Шилегов, води во Сарај, Центар и Чаир. СДСМ води во Кочани и Чашка.