Како што дознаваме, од извори од опозициските штабови, кандидатката на опозицијата за Скопје, Данела Арсовска води со над 20.000 гласа разлика.

Води и Стевче Јакимовски во Карпош, кој по 1/3 преброени гласови води со околу 800 гласови предност.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат и во Охрид и во Битола, а како што дознаваме водство има и во Пехчево и Лозово и во скоро сите помали општини.

Според други информации, ВМРО-ДПМНЕ веќе победи во Битола со околу 2.500 гласови разлика.