Тела на мајка и дете пронајдени се во куќа на подрачјето Долна Бистра во Загреб, станува збор за насилна смрт, објави денеска загрепската полиција.
Полицијата добила дојава за безживотните тела од член на семејството денеска околу 12.30 часот. Според видливите повреди на телата, се работи за насилна смрт на мајка и дете, наведуваат од полицијата.
Новинарот Иван Чоркало за ТВ „Дневник Нова“ ги пренесе последните информации за трагедијата што ја погоди Хрватска..
– Истрагата заврши околу 18 часот и 40 минути. Се уште нема официјална потврда дали се работи за двојно убиство или за убиство и самоубиство. Според она што неофицијално дознаваме – за полицијата е повеќе веројатна варијантата убиство и самоубиство, со тоа што мајката прво си го одзедла животот. Не морам да напоменам дека жителите на Долна Бистра се запрепастени и шокирани од настанот, рече тој.
Според зборовите на мештаните, семејството се вселило пред неколку месеци, не остварувало премногу контакти и ги гледале само кога вршеле секојдневни активности.
– Постапките на Центарот за социјални работи не биле поради негрижа за детето, туку како што неофицијално дознаваме, постапувањето било класична контрола кога се во прашање социјалните случаи или во случајов поради „намалени родителски вештини“. Извршени се редовни семејни контроли. Неофицијално дознаваме дека немало забелешки за воспитувањето и грижата за детето, изјави Чоркало.
Тој додаде дека е неверојатна случајност што денешната трагедија се случила на првата годишнина од смртта на девојчето Никол, случај кој ја запрепасти Хрватска на 4-ти април минатата година.