Вечер.мк дознава дека упадот во М-НАВ и тепањето на контролорите го предводел Беким Незири, екс министерот за економија од редовите на ДУИ, кој сега работи во М-НАВ.
Заедно со него бил и неговиот баџанак кој работи во истата институција Лабинот Ќерими. Тие двајца, заедно со цела банда го извршиле упадот во М-НАВ и нападот, односно тепањето врз контролирите на летање, велат нашите извори.
Веднаш по денешната прес-конференција на претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски и по заминување на новинарите, во зградата на М-НАВ упаднале членови на ДУИ од Чаир кои по вербална расправија и закани кон контролорите на летање, физички нападнале дел од нив.
Неофицијално, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс. Повеќе детали наскоро.
Полицијата наводно го бара Незири
Полицијата вечерва во Скопје го бара Беким Незири екс министер на ДУИ за нападот во МНАВ. Полициски службеници вечерва на повеќе локации низ главниот град и во Тетово го бараат Беким Незири екс министер за економија од ДУИ кој сега е вработен во Македонска навигација.
Тој е осомничен дека го предводел и учествувал во нападот врз вработени во МНАВ каде биле тепани контролори на летање Албанци кои не се согласуваат со ДУИ.
Полициски извори тврдат дека Бекири не можел да биде најден на домашна адреса а полициските службеници не можат да влезат во партиското седиште на ДУИ во Чаир за каде постојат сомнежи дека се наоѓал Незири.
Полицијата вечерва добила информација дека Незири бил забележан во Мала Речица но нема потврда за тоа каде се наоѓа функционерот на ДУИ кој може да се соочи со обвинение за тероризам за влез и насилство во државна институција што може да го наруши целиот систем на летање на Европското небо.
За инцидентот е известено и скопското јавно обвинителство од каде сеуште анализираат дали упадот на насилниците на ДУИ може да се третира како тероризам.
Иницијалите кои попладнево ги објави МВР за луѓето кои го предизвикале инцидентот се идентични со името и презимето на шефот на Чаирскиот огранок на ДУИ.