Утрово во Загреб се случило убиство, јавуваат хрватските медиуми.
– Денеска, 4 мај, околу 10:15 часот во Чрномерац, маж со остар предмет во куќата уби 68-годишен член на семејството. Осомничениот поврзан со ова кривично дело е под полициски надзор. Во тек е увид и кривична истрага – соопштија од полицијата.
Како што неофицијално дознава „Вечерњи лист“, синот со остар предмет ја убил мајка си. Конфликтот наводно се случил во семејната куќа.
Црна низа убиства во оваа загрепска населба
Во Чрномерец во последните неколку недели се случија неколку убиства, пред нешто повеќе од еден месец имаше и тешко убиство кога 26-годишен маж со нож уби 52-годишен татко на улица „Виногради“.