– Група млади мажи во црно почнаа да пукаат во нозете на вработените во локалот, очигледно со намера да ги исплашат. Се’ се случи многу брзо, тие испукаа неколку рафали и отидоа во непознат правец. Полицијата и две амбулантни возила веднаш пристигнаа, открива еден турист кој се нашол среде мафијашка пресметка во грчкото летувалиште Неа Перамоса.
Судејќи според фотографиите од местото на злосторството, ранетите биле и надвор од локалот на песок, кои итно биле хоспитализирани.
Три лица се повредени, од кои едно потешко. Според информациите, тој е надвор од животна опасност.
– Сите беа ранети во барот, ниту еден од туристите не беше повреден, вели тој.
Првите информации за ова пукање ги објави групата на Фејсбук „Грција во живо“.
– Еден наш член се најде на плажа во околината на Неа Перамоса, каде во еден од баровите се случи мафијашка пресметка (рафален оган). Три лица се повредени, никој од туристите не е повреден. Во случај да ја слушнете оваа вест и ако некој ваш е таму да знае дека сите туристи се безбедни, повредените се од барот, беше објавено на групата.