Митрополитот црногорско-приморски Јоаникије испрати писмо до свештенството во кое препорача и предложи, поради вонредните временски услови во Црна Гора, кои претставуваат опасност по човечките животи, да не се плива за светиот крст на празникот Св. Богојавление.

Јоаникије, како што соопшти Митрополијата, нагласи дека ова особено се однесува на оние места каде што има реални и големи ризици за учесниците, посебно на места каде што верниците влегуваат во студени, надојдени реки и немирно море, со силни и опасни струи.

Тој додаде дека црквата го признава фактот што Дирекцијата за заштита и спасување на МВР и другите државни органи ја предупредија јавноста на сериозни ризици од екстремни временски услови – обилни дождови, силен ветер, подигнување на нивото на морето, бранови.

„Владиката ги повика свештенството и верниците утре да ги наполнат храмовите за да учествуваат на светите богослужби кога ќе имаат можност да ја земат Богојавленската вода за здравје на душата и телото и осветувањето на нивните домови“, се вели во соопштението.