Мирела Мујкиќ (24) од населеното место Кудиќ кај Велика Кладуша во БиХ, која минатата година го уби својот чичко Сенад Мујкиќ (39) со кој беше во емотина врска, вчера со првостепена пресуда е ослободена од сите обвиненија, објавија босанските медиуми.

– По усната, главна и јавна расправа, Кантоналниот суд во Бихаќ на 16 јануари 2023 година ја изрече и јавно ја објави првостепената пресуда, со која обвинетата Мирела Мујкиќ ја ослободи од обвинение за сторено кривично дело Убиство од член 166 став 1 од Кривичниот законик на Федерацијата Босна и Херцеговина, објавија медиумите.

Ослободена од обвиненијата

– Против оваа пресуда е дозволена жалба до Врховниот суд на Федерацијата Босна и Херцеговина во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на писмената изјава на истата – стои во пресудата.

Да потсетиме, како што објавија претходно медиумите, минатата година Мирела по љубовна драма го убила Сенад. Имено, девојката била во врска со убиениот. Драмата започнала кога тој дознал дека неговата девојка се допишува со друг маж.

Тој ѝ се јавил и ѝ се заканил дека ќе ѝ ги скрши рацете и нозете. Откако се скарале, тој дошол кај неа дома и продолжил да ја напаѓа – пцуејќи ја, заканувајќи и се и ја малтретирал.

Таа потоа земала пиштол и пукала во негова насока. Таа со пиштол „тетеец“ го застрелала во двете нозе.

Веднаш искрварил

Мажот искрварил до смрт на лице место, а лекарите од Здравствениот дом во Велика Кладуша можеле само да констатираат смрт.

Жртвата не можела да се спаси бидејќи девојката го погодила во артеријата. Мујкиќ беше ентузијаст за автомобилизам и учествуваше на многу „тјунинг“ собирања.