Виталиј Кличко, поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија и сегашен градоначалник на Киев, рече дека Украина ќе биде слободна од Русија исто како што Косово се ослободи од Србија.
Кличко за време на Светскиот економски форум во Давос даде интервју за швајцарскиот весник Le Canton 27 и им се заблагодари на Албанците и на Косово за воената поддршка.
„Многу ми е драго што за прв пат запознав албански новинар, што е добра можност да ви пренесам порака на вас, албанскиот народ на Балканот. Слушнавме и читавме дека вие Албанците, како и ние Украинците, сте луѓе на мирот, слободољубиви, но и борци. Денес се бориме против рускиот режим, кој се обидува да ја окупира Украина, како вие кои некогаш бевте окупирани од Србија“, рече Кличко, додавајќи:
„Верувам дека ние во Украина, покрај Бога, ќе ја вратиме оваа поддршка на нашата земја, нашиот народ. Ви благодарам Косово, ви благодарам Албанци. Како што сте ослободивте од Србија, ние ќе бидеме ослободени од Русија“, рече Кличко на крајот на разговорот.
Klitschko, Mayor of heroic Kyiv, speaks to Swiss Albanian journalist in #Davos: "Thank you Kosovo for all the support and thank you Albanians too. Since you got to liberate yourselves from Serbia we'll also liberate our land from #Russia" https://t.co/8xbqEPMPzx [correction]
— Petrit Selimi (@Petrit) May 26, 2022
Очекувано оваа изјава предизвика жестоки реакции кај медиумите во Србија кои ја окарактеризираа како „скандалозна“.